ЕДНОДНЕВНА ЕКСКУРЗИЈА

Битола – Корча – Поградец – Св Наум

 

 


Состанок на групата во 05 45 часот пред Т.А. Тим Травел (Комплекс Безистен). Поаѓање во 06 00 часот за Албанија преку граничен премин Стење. Пристигнување во Корча во утринските часови. Ова е шести град по големина во Албанија. Слободно време за индивидуални прошетки низ центарот на градот , како и посета на Соборната Црква ‘’Воскресение Христово”.

По разгледите се продолжува за Поградец. Слободно време за индивидуален разглед на центарот на градот, посета на пазарот како и прошетка покрај езеро.

По завршување на прошетката и индивидуалниот шопинг се упатуваме на ручек во Тушемиште - село сместено на самата граница (г.п. Свети Наум) каде се наоѓаат извори кои се слични на изворите на Црн Дрим во Св. Наум но во помал обем.

По завршувањето на ручекот во Тушемиште се упатуваме кон Свети Наум. Слободно време за разглед на манастирскиот комплекс и кратка пауза. Во попладневните часови поаѓање кон Битола, патот води преку Охрид – Ресен.

Пристигнување во Битола во вечерните часови.

 

 

ЦЕНА 1000 МКД

 

Цената на аранжманот вклучува

-  Превоз на горенаведената релација

(Битола – Корча – Поградец – Тушемишта – Св. Наум – Битола)

 -  oрганизација, водство и реализација на аранжманот.

 

FB link