Сте помислиле ли некогаш колку е убава нашата Македонија, подалеку од Скопје, Охрид, Маврово и Попова Шапка? Сте помислиле ли дека на секоја точка на мапата на оваа наша мала земја се кријат убавини, убавини за кои многумина од нас се’ уште не слушнале? Од север до југ, од исток до запад, ќе ве одведеме на едно мало патување низ Македонија каква што не ја познавате!


ЗАПОЗНАЈ ЈА МАКЕДОНИЈА ЗА ДА ЈА ЗАСАКАШ ПОВЕЌЕ 

ПРОГРАМА ЗА 5 ДЕНА СО АВТОБУС / МИНИБУС 

 

 

 

 

ДЕН 1 . БИТОЛА - КРУШЕВО - ПРИЛЕП - КАВАДАРЦИ - НЕГОТИНО - ДОЈРАН - СТРУМИЦА 

Состанок на групата пред сротска сала Младост во 07 часот. Заминување кон Крушево. Патување преку Демир Хисар. 

КРУШЕВО - Мечкин Камен, Македониумот и гробот спомен куќата на Тоше Проески. 

ПРИЛЕП - Могилата на непобедените, Плоштадот и Старата Чаршија.

Панорамски разглед на Кавадарци, Неготино, Дојран.

СТРУМИЦА - Посета на манастирите Водоча, Вељуса. Сместување во хотел. Вечера. Разглед на градот. Ноќевање.

 

ДЕН 2. СТРУМИЦА- РАДОВИШ- ШТИП - ВЕЛЕС - СКОПЈЕ 

Појадок. Заминување кон Радовиш.

РАДОВИШ - Посета на црквата Света Троица.

ШТИП - Панорамски разглед на градот, црквата Свети Никола и Музејот.

ВЕЛЕС - Спомен Костурница, Саат Кулата, Мостот и Споменикот на Гемиџиите, Споменикот на Кочо Рацин. 

СКОПЈЕ - Панорамски разглед на градот со водич, посета на црквата Свети Спас, Гробот на македонскиот јунак Гоце Делчев, 

Старата Скопска Чаршија, Камениот Мост, Плоштадот, Соборната

Црква Св.Климент Охридски, Музејот на Македонската Државност, Музејот на Холокаустот. Искачување на Водно со жичарницата од каде

ќе имате можност да уживате во панорамата на Скопје. Сместување во хотел. Вечера (Факултативно во Национален Ресторан). Ноќевање. 

 

ДЕН 3. СКОПЈЕ - МАТКА - ТЕТОВО - ГОСТИВАР - МАВРОВО 

Појадок. По појадокот посета на кањонот Матка и пештерата Врело. 

Панорамски разглед на Тетово и Гостивар, а потоа се упатуваме кон Маврово. 

Разглед на Маврово како и на Мавровското Езеро. Сместување во хотел. Вечера. Ноќевање. 

 

ДЕН 4. МАВРОВО - ДЕБАР - ВЕВЧАНИ - СТРУГА - ОХРИД 

Појадок. По појадокот се упатуваме кон Дебар и посета на манастирот Св.Јован Бигорски.

Во попладневните часови посета на Вевчани и организиран ручек во живописното село покрај изворите. 

Сместување во хотел во Охрид. Слободно време за индивидуални прошетки во Охрид.

 

ДЕН 5. ОХРИД - СВ.НАУМ - БИТОЛА

Појадок. После појадокот заминување на разглед на Охрид и сите знаменитости (Св.Софија, Амфитеатарот, Плаушник, Самоиловата Тврдина, 

Црквата Св.Богородица од 13 век, стариот дел на градот). 

Слободно време за прошетка и шопинг во Охрид. 

Заминување кон Св.Наум. Посета и разглед на манастирскиот комплекс. Слободно време за уживање во убавините на комплексот. 

При враќањето посета на Неолитската населба Заливот на коските, Музејот на вода. 

Поаѓање за Битола. Пристигнување во Битола во вечерните часови. 

 

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ 

МИНИБУС - 250 ЕВРА

АВТОБУС - 220 ЕВРА

 

 

ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО 

- ПРЕВОЗ СО ВИСОКОТУРИСТИЧКИ АВТОБУС ИЛИ МИНИБУС 

- 3 HB (НОЌЕВАЊЕ СО ПОЈАДОК И ВЕЧЕРА) И 1 BB (НОЌЕВАЊЕ СО ДОРУЧЕК)

- ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОДИЧИ ЗА СКОПЈЕ И ОХРИД

- ПРАТИТЕЛ -ВОДИЧ НА ГРУПАТА

 

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО 

- ВЛЕЗНИЦИ ЗА КУЛТУРНО ИСТОРИСКИ СПОМЕНИЦИ 

- ФАКУЛТАТИВНИ ПОСЕТИ 

 


 

 

FB link