Потребни документи за Австралиска туристичка виза

Од гаранторот од Австралија:

- статутарна декларација во која изјавува дека ќе ги сноси трошоците за Вашиот престој во Австралија и дека гарантира дека ќе ја напуштите земјата пред истекот на Вашата виза или пак спонзориран постетител ( документите се испраќаат и поднесуваат во Австралија)

- банковен биланс на гаранторот( потврда од банка за висината на примањата и солвентноста на гаранторот (заштедевина , акции, имот…)

- фотокопија од австралиско државјанство или пасош

- изводи од матична книга на родени доколку сте во сродство

- покана за закажана свадба или друг повод за патување во Австралија (ако има)

 

 

Од поднесителот (апликантот)

- формулар 1419 (се пополнува во агенцијата како најбитен документ при аплицирањето)

- 4 фотографии на бела позадина

- фотокопија од пасош заверена на нотар ( пасошот нема потреба да се испраќа во амбасада)

- потврда од работа за редовен работен однос со детален опис на периодот на вработување, работно место и висина на месечните примања , М1/М2 формулар со печат од фирмата како и контакт телефони достапни на службите од амбасадата ( не помалку од 6 месеци вработување), како и наведено користење на платен или неплатен одмор

* препорачлива консултација со нашиот агент

 – потврда за висина на примањата ( извод од банка или чекови од пензија за пензионери)

- за ученици и студенти потврда од факултет или училиште

- уверение за семејна состојба заверена на нотар (се припрема во агенцијата)

 -уверение за поседуван имот (тапии, имотни листови, сообраќајни книшки од автомобили, земјоделска и приклучна механизација, транспортни средства…)

- потврда од банка за заштедевина или некои други приходи (кирии, дивиденди, акции…)

- потврда за неказнуван од полиција

- венчаница (за венчани) не постара од 6 месеци

- потврда од работа за брачниот дугар со наведена висина на примањата

- надомест за консултации, изработка и посредување при апликација 3200,00 денари по пасош

- документите се преведуват на Англиски јазик кај овластен судски преведувач

( услуга која ја врши агенцијата или по Ваш избор )

- документите се испраќаат во дигитална или хартиена форма од стран на агенцијата во Австралиска Амбасада во Белград

* ДОКОЛКУ ЛИЦЕТО Е ПЕНЗИОНЕР ЧЕК ОД ПЕНЗИЈА НЕ ПОСТАР ОД 2 МЕСЕЦИ

* ДОКОЛКУ ЛИЦЕТО Е СТУДЕНТ ИЛИ УЧЕНИК ПОТВРДА ОД ШКОЛО И ИНДЕКС

* ДОКОЛКУ ЛИЦЕТО Е СОПСТВЕНИК НА ФИРМА КОПИЈА НА РЕГИСТРАЦИЈАТА И ДАНОЧНАТА КАРТИЦА

* ДОКОЛКУ ЛИЦЕТО Е ПОСТАРО ОД 70 ГОД. ПОТВРДА ОД МАТИЧЕН ДОКТОР ДЕКА Е СПОСОБНО ДА ПАТУВА И НЕ БОЛЕДУВАЛ ОД НИКАКВИ АКУТНИ И ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 12 МЕСЕЦИ И Е СПОСОБНО ДА ПАТУВА ЗА АВСТРАЛИЈА.

* ПОЛИСА ЗА ОСИГУРУВАЊЕ -ЗДРАВСТВЕНО во текот на процедурата за лица пос. од 70 год.

* ДОКОЛКУ ЛИЦЕТО Е МАЛОЛЕТНИК ПАТУВА САМ ИЛИ ВО ПРИДРУЖБА НА ЕДНИОТ РОДИТЕЛ СОГЛАСНОСТ ОД РОДИТЕЛИТЕ, Податоци од родители,брајќа и сестри (датуми на раѓање и починати доколку има и каде живеат)

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПРОСЕЧНО ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЦЕДУРАТА: ОКОЛУ ТРИ НЕДЕЛИ

НАПОМЕНА : АМБАСАДАТА СИ ГО ЗАДРЖУВА ПРАВОТО ЗА ПОБАРУВАЊЕ НА ДОПОЛНИТЕЛНИ ДОКУМЕНТИ И ДОКАЗИ.

ЗА СЕКОЈА ДОПОЛНИТЕЛНА ИНФОРМАЦИЈА ВИ СТОИМЕ НА РАСПОЛАГАЊЕ!

 

FB link