United States of America

 

КАКО ДА СЕ ПОДНЕСЕ МОЛБА ЗА НЕИМИГРАНТСКА ВИЗА:

 

ПРВО: ЗАКАЖЕТЕ ТЕРМИН ЗА ИНТЕРВЈУ:


За поопширни информации околу неимигрантските визи и за закажување интервју за неимигрантска виза, ве молиме да се јавите на Визно-информативната служба (ВИС) на еден од долунаведените телефони.


Лицата кои се јавуваат во ВИС од Македонија и Косово треба да купат личен идентификациски број (ПИН) за 12 УСД (во локална валута) во Комерцијална Банка во Македонија или Рајфајзен Банка (Raiffeisen Bank) во Косово. ПИН броевите се активираат за употреба еден ден после купувањето и не може да се употребуваат на денот кога е купен бројот. Барателите од Соединетите Американски Држави кои се јавуваат на горенаведениот број, наплатата од 15 УСД можат да ја извршат преку кредитна картичка.

ВТОРО: КОМПЛЕТИРАЈТЕ ГИ СЛЕДНИТЕ ДОКУМЕНТИ

 

За поопширни информации околу неимигрантските визи и за закажување интервју за неимигрантска виза, ве молиме да се јавите на Визно-информативната служба (ВИС) на еден од долунаведените телефони.

 

 

Формуларот DS-156, одговорен на сите прашања и потпишан. Почнувајќи од 1 ноември 2006, сите кандидати мора да достават баркодиран формулар во три страници, кој се наоѓа на веб страната на: Стејт Департментот на САД (Електронски Формулар за Виза)

Дополнителниот формулар DS-157, одговорен на сите прашања.

(Кандидатите кои поднесуваат за категориите F, J и M виза треба да го достават и формуларотDS-158.)

Една фотографија, не постара од шест месеци, да се гледа целото лице, со бела позадина и со формат 5 на 5 cm.

Документи кои ќе ја подржуваат Вашата причина за патување и ќе ја потврдат Вашата професионална, финансиска и семејна поврзаност со Вашата матична земја, како на пример Вашиот статус на ученик или студент, Вашиот работен однос, финансиските извори, и др.

 

ТРЕТО: ПЛАТЕТЕ ЈА АДИМИНИСТРАТИВНАТА ТАКСА ЗА ВИЗА

 

Секој кандидат пред да поднесе молба треба да плати административна такса од 131 УСД во денарска противвредност. Административната такса може да се плати само во Македонија во секоја филијала на Комерцијална Банка. Ако државјаните на Македонија немаат филијала на Комерцијална Банка во местото на живеење, тогаш таксата може да ја платат и во Стопанска Банка или во пошта. На денот на интервјуто треба да се достават двата дела (двете индиго копии) од оригиналната уплатница.

 

 

ЧЕТВРТО: ДОЈДЕТЕ НА ЗАКАЖАНИОТ ТЕРМИН

 

Понесете ги двата дела од оригиналната уплатница за платената такса за виза.

Понесете ги документите наведени под: Второ.

Понесете го Вашиот пасош — пасошот мора да е важечки најмалку 6 месеци подолго од предвидениот влез во САД.

 

 

 

КОНТАКТ СО АМБАСАДАТА:

Од Македонија: (02) 309 9090

Од Косово: (038) 247 973

Од САД: 1-800-672-8730

FB link