Аплицирање за Британска Виза во Македонија

Сите апликации за виза треба да се направат online. , се закажува термин за интервју – со ваши биометриски податоци.Откако онлајн процесот за аплицирање е завршен, апликантите, исто така треба да ги регистрираат своите податоци на веб страната на Виза центарот за аплицирање: (http://www.tpcontract.co.uk/).

Aпликантите мора лично да ги достават документите во Скопје на закажаниот термин

- надокнада за услуга за посредување за виза 2500 денари

 

 

Велика Британија виза центар е раководен од страна на Teleperformance и се наоѓа во:

 

Виза центар за аплицирање за Велика Британија

Соравиа центар

Филип Втори Македонски бр.3

Скопје, Македонија

 

Работното време на виза центарот се Понеделник, Вторник и Среда од 09.00 – 13.00 часот.

 


Потребни документи за Британска виза

 

 Од гаранторот:

- гаранција

- банковен биланс (од банка за висината на примањата и потврда за заштедевина);

- фотокопија од државјанство или копија од пасош;

-изводи од матична книга на родените ако сте во сродство;

-покана за закажана свадба или крштевка (ако има).

Од подносителот:

- пополнети формулари

- пасош + фотокопија (со важност колку што е и бараната виза);

- 2 фотографии во боја (пасошки формат на CD и принтана);

- потврда од работа за редовен работен однос (да биде наведено од

кога и на кое работно место работите) и користење на платен / неплатен одмор;

- потврда за висината на примањата (за пензионери прило-ени чекови од прензиата)

-за ученици и студенти потврда од училиште или факултет

-уверение за семејна состојба

-уверение за поседуван имот ( тапии, сообраќјајни ...)

-потврда од банка за заштедевина

-потврда за неказнуван од МВР

-венчаница (за венчани)

-потврда од работа за редовен работен однос (од брачниот другар) и висина на примањата

-за лица постари од 70 г. лекарско уверение

-уплата во агенција за апликација за виза...167 Еур (денарска противредност)

-формуларот се пополнува он-лајн

 

Британскиот Виза центар нуди широк спектар на услуги, како што е услугата за Приоритена Виза. Дополнителни информации за услугите кои ги нуди, достапни се на веб страната на Велика Британија за апликација, каде што треба да се избере “Македонија” од паѓачкото мени.

 

Комплетирани апликациите се пуштаат во Виза Центарот во Варшава за обработка. При аплицирање за виза, пасошот се задржува 15 работни дена, додека трае процедурата на разгледување.

 

За повеќе информации во врска со процесот на аплицирање и обработка, посетете ја страницата: https://www.gov.uk/browse/visas-immigration).

 

Од 1 Април 2014 Велика Британија виза корисниците ќе можат да ги користат нови меѓународни услуги (https: // ukvi-international.faq-help.com), да се најдат повеќе информаци за процесот на аплицирање за виза. Следните услуги се достапни:

- E-мајл – контакт кој им овозможува на корисниците да се направи е-мејл пребарување,

 

-Webchat : на клиентите им овозможува конаткт со агент ( чини 4 £),

 

-Телефонски контакт сервис: зборуваат со советник – повикот чини 1,37 ден. Трошоците ќе бидат во зависност од видот на повикот : број на телефон 0389/23207788 или 044/1243-213295 од 09:00 до 17:00 часот.

За користење на било кој од овие услуги треба да кликнете на услугата за меѓународни услуги ( https: // ukvi-international.faq-help.com).

Услугата се обезбедува од страна на Hinduja Global Solutions ( http://www.teamhgs.com/uk/)

 

Општи услови за туристичка виза:

Може да се аплицира за туристичка виза на ( https://www.gov.uk/general-visa/apply ) како:

-Посетител на Велика Британија , за одмор, како турист,

-Ако сте надвор од Европа ( ЕЕО)

( https://www.gov.uk/eu-eea ) или Швајцарија

-посета на семејството или пријателите кои немаат статус на жители во Велика Британија.

 

 Колку долго ќе потрае

Можете да аплицирате за виза до 3 месеци пред датумот на патување во Велика Британија.

Треба да се добие одговор за Вашата виза во рок од 3 недели.

Колку долго ќе може да останете

 

Во Велика Британија, може да останете до 6 месеци – со туристичка виза.

Може да се аплицира за мулти виза за подолг период, ако се докаже дека имате потреба повеќе пати да влезите во државата. Може да останете максимум 6 месеци (при секоја посета), а вашата виза да има важност од 1,2,5 или 10 години.

 

Надомести за виза

 

За аплицирање – 83 £

Надомест за подолг престој:

1 години – 300 £

2 години – 300 £

5 години – 544 £

10 години – 737 

FB link