Амстердам - Градот на вода !!!


Амстердам, град со импресивна архитектура, град кој лежи на бреговите на две водни маси, заливот Ајселмер и реката Амстел. Град кој спие на 160 канали кои го делат на околу 90 островчиња, поради што гордо го носи епитетот - Венеција на Западна Европа. Центарот на Амстердам го краси плоштадот Дам на кој се наоѓа класицистичка кралска палата од 17 век - втората резиденција на кралското семејство, реформистичката Нова Црква од 15 век, и шопинг улицата Калверстрат. Државниот музеј - Ријкмузеј, Гратскиот музеј, музејот на Ванг Гог, Тропскиот музеј, музеј-куќата на Рембрант во некогашниот еврејски кварт, куќата на Ана Франк , “црвениот кварт” де Вален каде легално се продава канабис, карактеристичните амстердамските куќи околу каналите, многубројните цветни паркови... го прават Амстердам огледало на слободата и уметноста. Може да се каже, дека по своите карактеристики, Амстердам е вистински глобален град.

 

Топ 10 места од интерес:

 1. Куќата на Ана Франк
 2. Музејот на Ван Гот
 3. Рајкс Музејот
 4. Улицата Спигел
 5. Бегинхов со најстарата куќа во   Амастердам
 6. Црвениот Кварт
 7. Пловење по каналите
 8. Плоштадот Дам
 9. Плоштадот 
Rembrandtplein

10. Плоштадот Leidseplein

 

 

 

 

 

   

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: од 196 €

3 Ноќевања ВО ХОТЕЛ на база RO/HB 

 

 

 

 

Во цената на пакетот е вклучено: 
- Авионски превоз на релација: Скопје - Ајндховен - Скопје

- Аеродромски такси 
- Хотелско сместување **/*** - 3 RO / BB

Летови: четврток и недела (до март)
              понеделник и петок (од март ->)

*цената зависи од моментално расположливите места на авио компанијата и хотелите.

 

Во цената на пакетот не е вклучено: 
- Трансфер: Аеродром - Хотел - Аеродром 

- Препорачуваме - директна метро линија до центарот на градот 
(до Schiphol Plaza, возовите поминуваат на секои 10 мин, а карта во еден правец чини 3,6 €)
- Останати опции за превоз: Шатл Аеродром – Хотел – Аеродром 17, 5 € , во еден правец. 
- Приватен трансфер со TAXI, од 50 € по возило, во еден правец.


 

 

 

НАПОМЕНА 

* ЦЕНИТЕ НЕ СЕ ФИКСНИ 

* Цената и саатниците зависат од моментално расположливите места на aвио компанијата и хотелите.

* Можност за избор на датум по ваше барање 

* Одалеченост на аеродромот од Амстердам  - 123 км 


 

 

 

 

 

 

 

 

 

FB link