БАРСЕЛОНА

 

 

Барселона е метропола која може долго да го задржи вашето внимание бидејќи влијанието на медитеранската атмосфера и единствената архитектура прават туристите да не можат да ја заобиколат оваа каталонската престолнина...

Барселона е место каде што можат да се сретнат љубителите на помалку чудни, единствени градби со неповторлив печат на каталонскиот менталитет и авантуристите кои се желни за модерни технолошки достигнувања.

Атмосферата е секогаш пулсирачка, а духот на градот постојано асоцира на забава и возбудување. Архитектурата на Барселона е неповторлива, по малку бизарна и им пркоси на сите клишеа.

Особено се фасцинантни градбите кои се проектирани од познатиот архитект Антонио Гауди кој остави свој потпис и направи овој град да биде светски препознатлив.

Неговите уникатни дела можат да се забележат низ целиот град, а меѓу нив посебно место завзема недовршената црква "Sagrada Familia".

Барселона важи за еден од градовите во кои се сместени најзначајните дела на готската уметност најизразена во Готскиот квартал.

Престолнината на Каталонија секогаш ги уривала границите и ги кршела табуата во уметноста, архитектурата и стилот уште од деветнаесеттиот век и со право се смета за домаќин на авангардата.

Еден од најголемите градови во Шпанија е познат и по бурниот ноќен живот и лудите ноќни клубови како и уличните концерти.

Помеѓу најголемите атракции се тапас баровите и кафулињата кои ќе ги најдете на улиците "Las Ramblas", "Reial" и во самиот центар на градот во средновековниот кварт "Bario Gotiko" во кој се наоѓа и омилениот ресторан на Пикасо - "Els Quatre Gats".

 

 

Топ 10 места од интерес:

 
 1. 
Саграда Фамилиа
  2. 
Големиот Аквариум
  3. 
Брдото Мон Жуик
  4.
 Ноу Камп
  5.
 Музеј на Пикасо
  6.
 Магичните фонтани
  7.
 Улицата Рамбла
  8. Делото на Антонио Гауди
“Casa Mila”
  9. 
Паркот Гуел
10. Шпанско село

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: од 170 €

4 Ноќевања ВО ХОТЕЛ на база RO/BB 

 

 

Во цената на пакетот е вклучено: 
- Авионски превоз на релација Скопје–Барселона-Скопје

- Аеродромски такси 
- Хотелско сместување

* цената и саатниците зависат од моментално расположливите места.

Во цената на пакетот не е вклучено: 
Трансфер: аеродром - хотел

- Препорачуваме трансфер со Aerobus, превоз до ценатрот на Барселона: 36 € во двете насоки.
- Приватен трансфер: aеродром - xотел = 58 € во еден правец

 

 

НАПОМЕНА 

* Цените не се фиксни 

* Цената и саатниците зависат од моментално расположливите места на aвио компанијата и хотелите.

* Можност за избор на датум по ваше барање 

* Одалеченост на аеродромот од Барселона - 16,8 км


FB link