Совршено време да го посетите главниот град на Германија!

 

Берлин, најголемиот и главниот град на Германија, нуди прекрасна комбинација на историја, ноќен живот, архитектура и култура. Берлин има скромни почетоци, но заедно со времето прераснува во европска велесила и по риунифицирањето во 1990 г. станува динамичен, креативен, вистински град метропола. Берлин истовремено е познат како еден од најзелените градови во Европа, над 60 % од неговата површина се паркови и реки. Создадете ги вашите нови спомени, токму тука.

 

 

 

Топ 10 места од интерес:

  1. Берлинскиот ѕид
  2. Меморијалната црква
  3. Дворецот Сансуси
  4. Дворецот Шарлотенбург
  5. Посета на Потсдам
  6. Посета на Пергамон
  7. Брандербушката порта
  8. Рајхстагот
  9. Новата национална галерија
10. Филхармонијата


 

 Пробајте ја популарната германска "кафе и торта" традиција "Kaffee und Kuchen" во култното кафуле Berliner Kaffeerösterei. Служат прекрасни домашно-печени торти преку целиот ден. Пробајте од лесната торта од рибизли, манго и јогурт и штрула од јаболка со сос од ванила, а потоа гледајте како го изработуваат чоколадото во нивната работилница. 

Мора да пробате: Омилената брза храна во Германија е Currywurst - исечен колбас во кечап и кари-сос. Пробајте го во кафулето внатре во Currywurst Museum. 

Каде на шопинг? Не ја пропуштајте најголемата европска Стоковна куќа KaDeWe, осум ката од луксуз!

Како да се движите наоколу? Јавниот превоз е фантастичен. Дводневната "Добредојдовте" карта ги покрива сите возови, трамваи, автобуси и подземни железнички.

Па, уживајте!

 

 

 

 

 

 

СКОПЈЕ - БЕРЛИН - СКОПЈЕ

ТЕРМИНИ  

...

 

3 Ноќевања ВО ХОТЕЛ на база RO/HB 

ЦЕНА ОД 159 ЕУР ПО ЛИЦЕ !!!

 

 

 

 

 

Во цената на пакетот е вклучено: 
- Авионски превоз на релација: Скопје–Берлин-Скопје

- Аеродромски такси 
- Хотелско сместување во хотел, услуга 3 RO / BB  

 

 

Во цената на пакетот не е вклучено: 
- Јавен транспорт од аеродром до градот = 3 € (информативно)
- Трансфер со TAXI = 35–45 €, во еден правец за две лица (информативно)
- Приватен трансфер: 74 € по правец за 2 лица (информативно)

 

 

НАПОМЕНА 

* ЦЕНИТЕ НЕ СЕ ФИКСНИ 

* Цената и саатниците зависат од моментално расположливите места на aвио компанијата и хотелите.

* Можност за промена на датум по ваше барање 

* Одалеченост на аеродромот од Берлин - 22,7 км 

 

 

 

 

 

 

FB link