,,МИЛАНО, ИТАЛИЈА ВО МАЛО"

 

Топ 10 туристички атракции кои мора да ги посетите во Милано

 

1. Катедралата на Милано (Duomo di Milano)

  Една од најпознатите готски катедрали во Европа е Duomo di Milano, или исто така позната како катедралата на Милано. Посветена на Света Марија, оваа катедрала е најголема во Италија, и петта по големина во светот. Изградбата на катедралата започна во 1386-та година, а беше осветена во 1418. Завршните детали беа направени дури во 1965-та година. Долгиот период потребен за изградба доведе до употреба на различни стилови, што резултираше со ремек-дело на архитектурата и уметноста.

 

2. Санта Марија дела Грација (Santa Maria delle Grazie)

 Дизајнирана и изградена во доцните 1400 години од реномираниот ренесансен архитект Donato Bramate, црквата Санта Марија дела Грација е најдобро позната по „Тајната вечера“ на Леонардо да Винчи. И покрај 21-годишниот процес на реставрацина кој е завршен во 1999 година, сликарството дава само нијанса за неговата оригинална слава, сепак уметничката вредност на црквата е толку голема што гледајќи ја сеуште претставува моќно искуство за многу посетители. Дозволено е само на 25 посетители во еден момент да го гледат делото на да Винчи.

 

 3. Галерија Виторио Емануеле II (Vittorio Emanuele II)

Изградена во доцните 1800-ти, галеријата Vittorio Emanuele II е еден од настарите трговски центри во светот од затворен тип. Со своето сино стакло, мозаик подови и висока централна купола, архитектурата на трговскиот центар е на исто високо ниво како и модата која се нуди во продавниците на Louis Vuitton, Borsalino и Prada.

 

4. Квадрилатеро д Оро (Quadrilatero d’Oro)

                  Исто така познат и како Quadrilatero della moda, Quadrilatero d’Oro не е само најекслузивната шопинг област во Милано, туку еден од најважните центри во светот на модата. Quadrilatero d’Oro опфаќа неколку градски блокови, од кој повеќето се украсени со неокласична архитектура.

 

5. Замокот Сфорзеско (Sforzesco)

Замокот Sforzesco е пример за жестокото ривалство помеѓу семејствата во ренесансата во Италија.  Како тврдина е изграден некаде во 14-тиот век, чија структура стана пример за моќ и престиж. Едни од најпознатите жители на замокот беа Ludovico il Moro и Beatrice d’Este, пар кој го исполни замокот со ликовна уметност и мебел. Денес, замокот е дом на музеот  d’Arte Antica, кој се карактеризира со Pieta Rondanini, како и последното ремек дело на Микеланџело. Замокот исто така содржи и голем број дела за приказ на египетската уметност.

 

6. Ла Скала

Една од најпознатите туристички атракции во Милано е Ла Скала, која ужива во репутацијата на најдобра оперска куќа уште од првата изведба на L’Europa Riconosciuta, од Antonio Salieri во 1778.

 

7. Каналите (Navigli Lomberdi)

Navigli на Милано, или каналите, датираат уште од 12-тиот век, а беа направени за да се олесни наводнувањето. Во 1300 година, каналите беа проширени за транспорт на стоки при што употребата продолжи до 19-тиот век. Денес, посетителите на Милано може да уживаат во 55-минутно крстарење по должината на останатите Navigli Lomberdi.

 

 

8. Базиликата Сант Амброџио (Sant’Ambrogio)

Втора по важност после Duomo di Milano е базиликата Sant’Ambrogio, која е именувана според нејзиниот основач, епископот на тој град, светец и заштитник на градот од 4-ти век. Моштите на Abrose сеуште се сместени во црквата, која датира од 11 век. Богатството на базиликата вклучува златен олтар додаден од Карло Велики.

 

9. Пинакотека ди Брера (Pinacoteca di Brera)

 Благодарение на Наполеон, беа конфискувани голем дел од најдобрите уметнички дела на Италија и беа депонирани во Милано, во Pinacoteca di Brera музејот е собран неверојатен асортиман на слики од големите уметници. Вклучени се дела од сликари како Рафаел, Тинторето, Веронезе и Караваџо, а има и дела од европските мајстори како Рембрант, Гоја и сл.

 

10. Плоштад Мерканти (Mercanti)

Плоштадот Мерканти бил административен центар на градот за време на средниот век, и на посетителите им нуди увид во средновековниот живот на Милано. Плоштадот сега е помал – Broletto Nuovo кој некогаш стоеше во центарот на плоштадот сега ја одбележува североисточната граница на овој плоштад, но зградите изгледат исто како што изгледале и пред неколку векови. Во текот на зимските празници, овој плоштад е претворен во Божиќен пазар.

 

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: од 150 €

3 Ноќевања ВО ХОТЕЛ на база RO/HB 

 

 

Во цената на пакетот е вклучено: 
- Авионски превоз на релација: Скопје–Милано-Скопје

- Хотелско сместување во хотел по избор ***/ на база 3 BB 
- Аеродромски такси

*цената и саатниците зависат од моментално расположливите места на Авио компанијата.

Во цената на пакетот не е вклучено: 
- Трансфер: aеродром - xотел, со автобуски превоз = 5 € (информативно)
- Приватен трансфер: aеродром – xотел = 75 €, во еден правец (информативно)

 

 

 

 

НАПОМЕНА 

* Цената и саатниците зависат од моментално расположливите места на aвио компанијата и хотелите.

* Можност за избор на датум по ваше барање 

* Одалеченост на аеродромот од Милано  - 50 км 


FB link