Градот на светлината - Париз

 Париз – главниот град на Франција. Градот сам по себе е магичен,волшебен,уникатен и бајковит…Токму овде се спојуваат небото и земјата, љубовта и виното, музиката и крстарењето, тангото и розите…Париз е препознатлив секому по Ајфеловата кула и Триумфалната капија,но тоа е само мал дел.

 

Што да се посети во Париз? Се!

При самото влегување во Париз се среќавате со неговата единствена архитектура: широки авении, дрвореди, паркови, згради од бел камен и црвени кровови. 

 

 

Versailles

Версај - и приказната за екстраваганцијата може да започне. Таму е почетокот на она што значи многу и повеќе од многу. Започнете го истражувањето од Салата на огледалата, каде што сѐ ќе ви стане јасно. Понатаму, ако ви остане време, видете ги градините кои ја красат оваа незаборавна палата.

 

Père-Lachaise

Секој што некогаш нешто значел, почива овде. Ова се најпознатите гробишта на светот па мора да ги посетите колку и да не сте голем љубител на прошетките по гробиштата. Оскар Вајлд, Џим Морисон, Балзак, Пруст  - сите се закопани таму. Шетајќи се по мирните алеи, во вашите спомени ќе се вратат сите реченици, ноти или слики кои овие луѓе ги оставиле зад себе, а за вас одиграле голема улога.

 

Louvre

Иако многу луѓе ги превртуваат очите кога им се нуди посета на некој музеј, ние сепак ви препорачуваме да го посетите Лувр без приговор. Тоа е едно од врвните места во светот кога станува збор за нешто што мора да се види додека сте живи. Ви советуваме само да облечете удобни чевли, да си носите шише со вода и однапред да знаете што сакате да видите. Најпрво застанете пред влезот на Лувр и видете ја Стаклената пирамида. Низ ходниците патот сигурно ќе ве однесе и до Мона Лиза, но ние ви препорачуваме да ги видите и Сплавот на Медузата како и статуата на божицата Ника.

 

Градините на Tuileries

После ходниците на Лувр, ништо друго нема подобро да ве освежи од една прошетка низ градините на Tuileries. Ако видите слободни клупи  – седнете. Сега е моментот да си отворите едно шише вино и да си каснете убаво сирење со топол багет купен од блискиот пазар. Во големиот базен можеби ќе видите деца кои ги возат своите едрилици, а вие веднаш ќе се чувствувате подобро.

 

Ајфеловата кула

Единствената причина за да не го посетите симболот на Париз е ако имате страв од височина. Ова е спектакуларно здание дури и ако се набљудува од земјата, а погледот одозгора може само да замисли. Безбројните кровови и познатите мансарди на Париз, ќе направат да го заборавите сиот напор кој ви требал да стигнете дотука.

 

Promenade Plantée

И вежба и шопинг! Подобро не може да биде. Promenade Plantée е првиот парк во кој има поставено елеватор кој води до „зелената зона“ на покривот од вијадуктот, на којшто сообраќал воз со цел да го поврзе градот. Слично на The Highline во Њујорк, ова место овозможува поглед на околу 3000 различни видови растенија во должина од  скоро 5 километри. И она што е најдобро во оваа прошетка е што на патот ви се нудат голем број продавници кои чекаат само на вас.

 

Musée d’Orsay

За сите љубители на уметноста, Орсеј е нешто што мора да се посети. Она што најпрво ќе го привлече вашето внимание сигурно ќе биде светлината која доаѓа од огромниот стаклен плафон преку целата должина на музејот. Првично конструиран како железничка станица, музејот Орсеј подоцна станува место во кое е поставена најголемата збирка слики од периодот на импресионизмот и постимпресионизмот.

 

Сена

Сѐ што треба да одлучите е по кој кеј од Сена ќе се шетате. И двата брега нудат специфични места и занимливости. Ако одберете да се шетате по левиот брег, ќе се сретнете со споменици од артисти, писатели и револуционери. На левиот брег се и кафулињата за кои сигурно сте читале во некоја книга. Ако мислите ви се насочени кон десниот брег, појдете до Маре, одлично место во кое ќе треба да го пронајдете излезот од Лавиринтот. И се разбира, да го видите музејот на Пикасо.

 

Rodin Museum

Уште еден музеј, но пред да го одминете, помислете на Роден и неговото уметничко богатство. Може ли да се замисли една младешка љубов без „Бакнежот“? Она што го прави овој музеј уште попривлечен е и собата на Камил Клодет, исто така скулпторка, којашто цел живот била вљубена во Роден, што на крајот и го уништило животот. А дворот на музејот ќе ви овозможи да ги видите облиците на големите скулптури на големиот Мајстор.

 

Giverny, Живерни

Селцето се наоѓа на 75 километри од Париз и е познато како место во кое е роден сликарот Клод Моне. Она што ќе ве занеми е изгледот на местото: тоа е исто како да сте стапнале во некоја од неговите слики. Јапонскиот мост е обоен во сино-зеленикава боја, а водата е полна со лилии. Цвеќињата кои се насадени во градината се перфектно наместени и со идеалните бои за да ја поттикнат фантазијата која ќе се роди на ова извонредно убаво место. Каде и да се наоѓате, што и да правите немојте да го пропушите погледот од некој од прозорците на Живерни. По ниедна цена.  

 

 

Топ 10 места од интерес:

  1. Ајфелова Кула
  2. Триумфална Капија
  3.
 Лувр
  4.
 Версај
  5. Катедралата „
Notre Dame”
  6. Плоштадот „
Concorde”
  7. „
Montmartre”
  8. Базиликата „
Sacre Coeur”
  9. „
Moulin Rouge”
10. „Champs Elysees” 

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: од 180 €

АВИО БИЛЕТ + 3 Ноќевања ВО ХОТЕЛ на база RO/HB 

 

 

 

Во цената на пакетот е вклучено: 
- Авионски превоз на релација: Скопје-Париз-Скопје

- Аеродромски такси 
- Сместување во хотел ***/****, на база 3 BB


* Цената зависи од моментално расположливите места на авио компанијата и на хотелите.

Во цената на пакетот не е вклучено:
- Приватен трансфер: aеродром - xотел од 70 €, за автомобил (мах 3лица) (информативно)

- Трансфер со железница од 12,50 € (информативно)
- Трансфер со автобус во еден правец 39 €
- Трансфер со TAXI 50-75 €, во еден правец (информативно)
- Превоз со метро: 1карта=1,60 €, карнет карта за 10 возења = 11,40 € (информативно) 

 

 

 

НАПОМЕНА 

* Цените не се фиксни 

* Цената и саатниците зависат од моментално расположливите места на aвио компанијата и хотелите.

* Можност за избор на датум по ваше барање 

* Одалеченост на аеродромот од Париз  - 107 км 


 

FB link