ВЕНЕЦИЈА 

 

 

Венеција – градот изграден на вода, најромантичен град на светот и еден од најпосетените градови во Италија. Во Венеција ќе најдете бројни атракции, но Венеција е многу повеќе од тоа: историја, архитектура, религија, традиција, култура, забава, мода и храна. Одвојте време да ги откриете сите овие богатства.

 

 

За романтичарите Венеција е остварување на сонот. Позната како и “Огледало на душата“, “Кралица на Јадранот“, “Градот на вода“, “Градот на мостовите и каналите“... Венеција е една од најпосакуваните туристички дестинации. Изградена врз дрвени столбови, нејзината архитектура е како да лебди над вода. Заради нејзината уникатност Венеција е заштитена од УНЕСКО. Во 1980 година, Карневалот во Венеција го оживеа градот и стана еден од главните центри зa меѓународни конференции и фестивали, како што e престижното Биенале во Венеција и Венецискиот филмски фестивал, кои привлекуваат посетители од целиот свет поради своите театарски, филмски, уметнички и музички продукции.

 

Едно е сигурно, Венеција никого не го остава рамнодушен. Наречена е невеста на морињата, кралица на Јадранот, а станала симбол за градовите на вода. Нејзината убавина секако доаѓа од необичната архитектура, положбата, необичниот спој на водата и каменот, преубавите палати заплискани од водата на венецијанските канали.

 

 

Топ 10 места од интерес:

  1. Плоштадот и базиликата Св.Марко
  2. Мостот "Rialto"
  3. Мостот на воздишките
  4. Дуждовата палата
  5. Каналот “Canal Grande”
  6. Саат кулата Campanile
  7. "Rialto Market"
  8. Возење со гондола
  9. Островите: Мурано, Бурано и Торчело
10. "Peggy Guggenheim" и "Correr" музеите.

 

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: од 136 €

3 Ноќевања ВО ХОТЕЛ на база RO/HB 

 

 

Во цената на пакетот е вклучено: 
- Авионски превоз на релација: Скопје – Венеција – Скопје/WizzAir

- Аеродромски такси 
- Хотелско сместување во xотел *** во Местре / 3 BB


*цената и саатниците зависат од моментално расположливите места на aвио компанијата.

 

 

Во цената на пакетот не е вклучено: 
- Трансфер: aеродром - xотел, со редовни "shuttle bus" линии 10 € по лице по правец (информативно)

- Приватен трансфер aердодром – xотел 60 € (информативно)

 

 

 

 

 

НАПОМЕНА 

* Цените не се фиксни 

* Цената и саатниците зависат од моментално расположливите места на aвио компанијата и хотелите.

* Можност за избор на датум по ваше барање 

* Одалеченост на аеродромот од Амстердам  - 123 км 




 



FB link