Туристичката агенција Tим Tравел - со седиште во Битола, е основана во 2004 година. Од самиот почеток се карaктеризира со сериозен пристап во работењето и постојан растеж и докажување во сите сфери од областа на туризмот.Дејности со кои се занимава туристичката агенција се организирање на индивидуални и групни патувања, ученички и студентски екскурзии, резервација и продажба на авио билети , посредување и обезбедување на туристички и иселенички визи, летни и зимски одмори, организирање на конгреси и семинари, патнички осигурувања. Исто така имате можност за дополнителни услуги во Р.Македонија како што се разглед на посакуваниот град со лиценциран туристички водич, еднодневни или повеќе дневни екскурзии во Републиката. На гостите им нудиме комплетен сервис, од хотелски и приватни сместувања, превоз, помош при патување, организација на специјални тури...

 Во своето долго годишно постоење на пазарот туристичката агенција е организирана во сектори за: авио резервации и билети, сектор за организација на патувања и хотелски резервации во земјата и странство, сектор за трансфери и транспорт.

 Секторот за организација на патувања и хотелски резервации во земјата, е препознатлив по добро организираните програмски дестинации, како и програми направени според желбата на групите и индивидуалците.

Во однос на ререзвации во странство располагаме со онлине системи за моментална резервација како што се GOGLOBAL, ROOMS XML, како и резервации преку нашите партнери Sirios Travel, Meli Tours, Filos Travel.

 

Секторот за продажба и резервација на авио билети, има добро подготвен персонал со меѓународно искуство. Вработените имаат IATA сертификат во своето досие, вклучувајќи ги и сертификатите за работа со програмите за продажба на авиобилети, како што е Galileo Gore - Booking File 1 - at Travelport Belgrade. Спремни да ви ги понудат најдобрите опции за вашите летови, за чија резервација, цени и ред на летање можете бесплатно да се информирате во нашата агенција.

Компјутерски сме поврзани со светскиот резервациски систем „ГАЛИЛЕО“ со најповолни тарифи и врски за сите дестинации, преку сите светски авиокомпании.

 

Ние сме овластени агенти за продажба на авио билети од трите главни алијанси на авио превозници како што се :

 

* ONE WORLD ALLIANCE која што нуди летови во над 150 дестинации во речиси 150 земји , оваа алијанса ги вклучува следниве авио превозници : American Airlines, Air Berlin, Finnair, British Airways, Cathay Pacific Airways, Iberia Airlines, Kingfisher Airlines, Japan Airlines, LAN Airlines, Malaysian Airlines, Mexicana Airlines, Qantas Airways, Royal Jordanian, S7 Airlines.

 

* SKY TEAM ALLIANCE нуди 13,000 дневни летови, покривајки 898 дестинации во над 169 земји, оваа алијанса ги вклучува следниве авио превозници : Air France, Aero Mexico, Aerolineas Argentinas, Alitalia, China Airlines, China Southern Airlines, Delta Air Lines, Garuda Indonesia, Korean Air, KLM Royal Dutch Airlines, Kenya Airways, Middle East Airlines, Xiamen Airlines, China Eastern Airlines, Czechoslovak Airlines, Tarom Romanian Air, Aeroflot, Saudi Arabian Airlines, Air Europa, Vietnam Airlines.

 

* STAR ALLIANCE нуди над 21,000 дневни летови, покривајки 1,160 дестинации во 181 земја, тука се вклучени следниве авио превозници : Aegean Airlines, Air Canada, Air China, Ethiopian Airlines, TAM Airlines, Adria Airways, Blue 1, Lufthansa Airlines, LOT Polish Airlines, SWISS, Egypt Air, All Nippon Airways, Air New Zealand, Austrian Airlines, Croatia Airlines, Asiana Airlines, South African Airways, Scandinavian Airlines, Brusseles Airlines, Singapore Airlines, Thai Airways, Turkish Airlines, TAP Portugal, United Airlines, US Airways.

 

 

Секторот за транспорт, обезбедува трансфери со возила од најразличен капацитет, со професионални лиценцирани возачи. Возилата се нови, удобни, безбедни, опремени со клима уреди, голем багажен простор, видео/аудио опрема, исто така сите се лиценцирани со лиценци за превоз на патници.

Располагаме со следниве патнички возила :

* MERCEDES SPRINTER  (20 + 1 патници)

* FORD TRANSIT (8 + 1 патници)

* FIAT DOBLO (4 + 1 патници)

* TOYOTA RAV4 (4+1 патници)

 

 

 

 

 

Ви благодариме што ни ја давате Вашата доверба!

 

Ние работиме и постоиме само за Вас !!!

FB link